Поврзете се со нас

Свет

Пјаниќ: Тој е најдобриот, повеќе се забавував со Роналдо отколку со Меси!

Објавено

на

Миралем Пјаниќ е еден од играчите кој може да се пофали дека во кариерата дека има настапувано со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, две големи величини, асови кои одбележаа една фудбалска ера.

Пјаниќ имаше можност да соработува со Роналдо во Јувентус, додека пак во Барселона играше заедно со Меси. Токму воден од своето искуство направи споредба и посочи дека имал подобар однос со Португалецот за кого смета дека е најдобриот играч со кого можел заедно да настапува.

-Разговарам многу со Кристијано Роналдо. Имам многу спомени со него, тој е одличен фудбалер. Тој е најдобриот со кого сум играл. Тој е меѓу двајцата, тројцата најсилни играчи во историјата. Имав среќа да играм со Кристијано Роналдо и Лионел Меси и тешко е да се каже кој е посилен. Сепак, јас повеќе се забавував со Роналдо отколку со Меси, -порача репрезентативецот на БиХ.

Босанецот одигра 77 натпревари покрај Кристијано, а 30 заедно со аргентинскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни