Поврзете се со нас

Шпанија

Пике доби поддршка: Уште еден играч на Барселона си ја намали платата за да му помогне на клубот

Објавено

на

Пред самиот старт на новата натпреварувачка сезона во Примера, Жерард Пике се согласи на намалување на платата со цел да бидат регистрирани двете големи летни засилувања Мемфис Депај и Ерик Гарсија, но десет дена подоцна, од Барселона пристигнува уште една вест која е навистина поволна за раководството на клубот.

Каталонскиот великан се наоѓа во сериозна финансиска криза и поради тоа не можеше да му понуди нов договор на Лионел Меси, но сепак проблем претставуваат и тековните давачки кои се косат со годишниот буџет за актуелната натпреварувачка сезона.

Со цел да му помогне на клубот, Пике се откажа од добар дел од својата плата, а неговиот чекор сега го следеше и Жорди Алба кој се согласил да добива 25 проценти помала плата од таа загарантираната во договорот.

Угледните каталонски медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ пренесуваат дека ова утро бил постигнат конечен договор меѓу клубот и левиот бек, со тоа што Жорди се согласил дел од платата да ја добива одложено до 2024-та година.

Ова е само уште еден доказ дека во Барселона има играчи кои сакаат да му подадат рака на клубот во овие тешки моменти, а според најавите на двата угледни весници, следни кои ќе ги следат Пике и Жорди Алба ќе бидат останатите двајца капитени, Серхио Бускетс и Серхи Роберто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни