Поврзете се со нас

Свет

Пешевски без грешка против Ерланген, Кузмановски и Хановер немоќни против лидерот

Објавено

на

Жарко Пешевски со Штутгарт се израдува на шестата сезонска победа во Бундеслигата и тоа во дуелот со Ерланген кој заврши со резултат 34-29.

Домаќините беа решени да дојдат до триумф на овој дуел, цел која ја остварија со подобра игра од противникот во двете полувремиња, првото го реализираа со 17-15, второто со 17-14.

Македонскиот репрезентативец Пешевски одигра перфектен натпревар со три гола од три обиди.

Хановер на Филип Кузмановски пак не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од лидерот Магдебург со 30-22. Бекот беше автор на два гола и забележа една асистенција.

Штутгарт со 14 бодови е на 15 позиција, Хановер пак со 16 поени е на 14 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни