Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер претрпе тежок пораз од Хелиос и стави крај на АБА2 сезоната

Објавено

на

Пелистер се пласираше во топ 8 завршницата во втората АБА2 лига, но засега елитата останува недостижна мисија за македонскиот кошаркарски вицешампион.

Тимот од Битола оваа вечер го заврши својот настап во второто по ранг натпреварување на АБА, откако во четвртфиналето претрпе навистина висок и тежок пораз во Домжале.

Уште при самата ждрепка стана јасно дека Пелистер мина најлошо на извлекувањето, а тоа денеска се докажа и на дело откако домаќинот Хелиос немаше милост против десеткуваниот тим во кој ги немаше Карпентер, Кареутерс и Маслинко.

Самото ова беше најава за лесна победа на Хелиос, која на теренот беше пресликана со резултат 101:47 кој најдобро опишува колкава беше разликата меѓу двата тима оваа вечер.

На овој начин, Пелистер ја завршува својата регионална авантура оваа сезона, па сега останува да се насочи на домашното првенство, во кое плејофот го дочекува како второпласиран тим на табелата зад лидерот МЗТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни