Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пеколна секунда: Меси ги преплаши аргентинските фанови со еден потег на дуелот со Макаби (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси вчера блескаше во убедливата победа на ПСЖ против Макаби во Лигата на шампионите, но еден момент ги остави без здив фановите на францускиот првак и аргентинската репрезентација.

На помалку од еден месец до почетокот на мундијалот, повредите се главна опасност за фудбалерите кои се сигурни учесници, па фановите стравуваат да не се случи некој дополнителен малер со нивните миленици.

Токму такво стравување се појави барем на неколку секунди кај аргентинските фанови за време на дуелот меѓу ПСЖ и Макаби, а во главна улога беше Меси.

При една акција Меси наеднаш застана и барем на прв момент делуваше дека се работи за проблем, за да излезе дека се работи само за соблечена копачка и потреба таа да биде вратена на вообичаената позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни