Поврзете се со нас

Шпанија

Откачениот Тони е приказна за себе: Ридигер режирал урнебесна сцена со полициски службеник пред „Ел Класико“ дербито (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Антонио Ридигер прерасна во вистински миленик меѓу навивачите на Реал Мадрид поради своите пожртвувани реакции на теренот, но и поради начинот на кој се однесува и далеку од зелениот терен.

Германскиот репрезентативец се истакна како најоткачен играч во соблекувалната на Карло Анчелоти, а доказ за тоа е и вчерашната сцена од „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, Ридигер решил да се пошегува со еден полицаец во подтрибинскиот простор на стадионот и видеото од моментот стана вирален хит, уште повеќе ако се знае како на крајот завршила оваа интересна приказна.

Стоперот имаше за цел да го исплаши специјалецот кој остана мирен, но на крајот полицискиот службеник си добил и сувенир кој ќе го памети до крајот на животот.

Ридигер на социјалните мрежи објави дека му го подарил својот дрес на полицаецот кој стана вирален, па ова е само уште еден доказ дека Тони е човек кој секогаш е располжен и за забава надвор од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни