Поврзете се со нас

НБА

Откачениот Кирјос на контроверзен начин се справи со поразот на Бостон (Видео)

Објавено

на

Ник Кирјос не е толку засегнат со случувањата на Ролан Гарос и нема никаква изјава за мечевите во Париз, но затоа изминатите неколку дена го привлече вниманието на американската јавност.

Кирјос е добро познат фан на Бостон Селтикс и сподели како го гледале шестиот меч додека бил на крштевка во Австралија, меѓутоа добрата најава за „мајсторката“ не донесе среќа за него, но ниту за играчите во зелено.

Бостон ја пропушти шансата да стане првиот тим кој се вратил од негатива од 3:0 и потклекна на домашен терен во „Ти-Ди Гарден“, а ваквото сценарио доста го погоди Кирјос.

Ник се обрати преку социјалните мрежи не криеше дека е погоден и максимално разочаран од елиминацијата, но сепак со својот потег во продолжение предизвика и доста контроверзи.

Кирјос во знак на револт запали дрес на својот омилен НБА тим, кој одново пропушти да се најде во големото НБА финале во кое ќе играат Мајами и Денвер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни