Поврзете се со нас

Свет

Одличниот Миовски доби место во тимот на колото во Шкотска (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски имаше уште еден одличен настап во дресот на Абердин и тоа во пресметката против Ренџерс на која великанот се спаси од пораз во 94 минута.

Ова беше дуел на кој Абердин долго време имаше предност и тоа благодарение на нашиот репрезентативец кој во 11 минута имаше мајсторска завршница. Токму поради голот и се што направи на вчерашниот меч, Бојан доби место во иделаниот тим на колото во Шкотска.

Тој со оценка 7.43 се наоѓа во офанзивната линија заедно со соиграчот на Давор Здравковски од Мадервил, Блер Спитал.

foto:www.skysports.com/football

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни