Поврзете се со нас

Македонија

Нова важна победа за „романтичарите“: Работнички го освои и Штип (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcrabotnicki

Екипата на Работнички оствари уште една важна победа во борбата за опстанок во Првата македонска лига каде во две рунди во низа славеше против директни конкуренти.

Имено во претходното коло „романтичарите“ беа подобри од Вардар со 2-0, додека пак попладнево се изборија за триумф над Брегалница во Штип со 1-0.

Клучниот момент се случи во 59 минута кога Гандо доби топка во празно од Регба по што следуваше рутинска завршница.

Сега скопскиот тим има 34 бода и е на седмото место на прволигашката табела.

Standings provided by Sofascore

Преостанатите дуели од 28. коло се играат во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни