Поврзете се со нас

Балкан

Нема време за одмор: Мекиќ играше за Македонија, па испорача двоцифрена партија за Задар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Адем Мекиќ имаше обврски со Македонија во квалификациите за Европското првенство, но само ден по натпреварот со Полска тој мораше да се насочи кон клупските активности затоа што неговиот Задар имаше обврски во домашниот шампионат.

Тој беше искористен од тренерот Јусуп и покрај заморот, а Мекиќ одговори со добро двоцифрено издание во соочувањето со Деполинк Шкрљево.

Нашиот репрезентативец беше автор на 10 поени, 1 скок, 3 асистенции и 1 украдена топка во славјето на Задар од 103:84.

Со учинок 19-2 Адем и компанија се наоѓаат на првото место на табелата.

Следно за Задар е соочувањето со Сплит во АБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни