Поврзете се со нас

Евролига

Нема грчко финале во Берлин: „Кралевите“ го надиграа Олимпијакос и ќе бркаат нова европска титула

Објавено

на

foto: x.com/Euroleague

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид успеа да обезбеди пласман во големото финале на Евролигата кое в недела ќе се одигра во Берлин.

Шпанскиот претставник го оправда статусот на фавориот во вечерашното полуфинално соочување со Олимпијакос кое го доби со резултат 87:76. „Кралевите“ одиграа перфектно прво полувреме во кое постигнаа скоро 60 поени за 20 минути (56:37), поточно се изборија за предност од 19 разлика.

Оваа негатива беше преголема за противникот кој во вториот дел навистина се трудеше, притискаше, меѓутоа штетата направена во првите две четвртини беше преголема за да се надеваат на некои чудо.

На крајот се изборија за прифатлив пораз од 11 разлика. Муса со 20 поени беше прв стрелец, кај поразените Питерс реализираше 23 кошеви.

Ривал на Реал за титулата ќе биде Панатинаикос кој во првото денешно полуфинале го доби Фенербахче.

Панатинаикос ја доби пресметката со Фенербахче и ќе се бори за пехарот во Евролигата

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни