Поврзете се со нас

Олимписки игри

Мбапе ги расчисти сите дилеми и откри дали ќе игра на ОИ: Вистината е…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Летните Олимписки Игри се одржуваат во Париз и Французите како домаќините сакаат да имаат што подобар, поуспешен настап во сите дисциплини, спортови, па и во фудбалот.

Јасно е дека Французините имаат доста квалитетни млади играчи, но потребно е и одредено искуство, знаење кое Тјери Анри и неговите соработници сакаат да го надополнат со новата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Самиот Мбапе беше отворен за оваа опција, но клубот не дава зелено светло и напаѓачот отворено посочи дека нема да може да им помогне на сонародниците.

-За Олимпијадата мојот клуб има став кој е многу јасен. Мислам дека нема да учествувам на ОИ, тоа е вистината. Така е… Во исто време, исто така разбирам, се приклучувам на нов тим во септември, тоа не е најдобриот почеток на авантура. Сега ќе му посакам се најдобро на овој француски тим. Ќе ги гледам сите натпревари како навивач и сега ќе бидам гледач, -порача Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни