Поврзете се со нас

Светски првенства

Не станува збор за неговата мајка: Познато која е жената која влета на теренот и го прегрна Меси (Видео)

Објавено

на

Светското првенство во Катар ќе се памети по многу неверојатни моменти и по освоената титула на Аргенетина, но еден од хајлајтите дефинитивно е тоа што Лео Меси конечно стигна до трофејот кој единствено недостасуваше во неговата богата ризница освоени титули.

Меси како капитен на „гаучосите“ им вети на Аргентинците дека овој тим има потенцијал за високи дострели веднаш по шокантниот пораз од Саудиска Арабија на отворањето на турнирот, а неговите зборови уште посилно одекнуваат еден месец подоцна откако Аргентина нависитна стана светски првак.

Лео понуди многу незаборавни сцени за раскажување по последниот свиреж на судијата Марцињак, а на почетокот, една од најкоментираните теми беше прегратката со една повозрасна госпоѓа.

Дел од медиумите првично пренесоа дека станува збор за неговата мајка, но сега аргентинските медиуми открија дека всушност Лео имал специјален момент со жената која е задолжена за најважните задачи во кујната.

Станува збо за Антониа Фаријас, готвачката која со многу емоции и солзи во очите му честиташе на Меси, а неговата возвратна реакција само потврдува дека секој имал огромно значење во оваа незаборавна аргентинска експедиција која оствари историја во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни