Поврзете се со нас

АТП

Не е Ѓоковиќ: Паната посочи кој ќе биде главен ривал на Синер во оваа сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер дефинитивно е најдобриот светски тенисер во последните неколку месеци и потврда за тоа се резултатите кои ги оствари на сите турнири-мастерси, грен слем сцената, но и настапите за својата репрезентација.

Желбата и целта на Синер е да продолжи во овој ритам со тоа што сега следи сезоната на земја, сосема друга подлога за која останува да видиме како ќе се снајде. Неговиот сонародник и легенда на белиот спорт, Адријано Паната верува дека серијата на позитивни резултати ќе продолжи, а интересно како најголема закана за него го посочи Карлос Алкарас.

-Мислам дека Карлос Алкарас годинава ќе му биде поопасен ривал на Синер од Новак Ѓоковиќ.

-Видовме дека Карлос повторно истапи и затоа очекувам да биде еден од главните во 2024. Новак ќе биде опасен во помала мера. Се разбира, тоа е само мое мислење. Синер и Алкарас ќе бидат главните ривали за превласт во машкиот тенис во наредните години. Ќе го окупираат просторот што своевремно го оставија Рожер Федерер и Рафаел Надал, -порача Паната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни