Поврзете се со нас

НБА

НБА спектакл во Висконсин: Дејвис и Леброн најдоа решение за Јанис и Милвоки (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс се претвори во вистински НБА спектакл во Висконсин, бидејќи тимот кој фати залет во последно време го потврди тоа и против еден од најдобрите состави на Истокот.

Лејкерси забележаа нова победа и продолжија да го подобруваат својот учинок на табелата, пред се благодарение на својот ударен двоец составен од Антони Дејвис и Леброн Џејмс.

Првиот ја доби „револверашката пресметка“ со Јанис Адетокумбо и беше најдобар поединец на паркетот со 44 поени, четири повеќе од „грчкиот ѕвер“.

Дејвис на тоа придодаде и 10 скокови со кои беше навистина важен во одбраната на својот тим, кој на крајот оствари победа од 129:133 на гостувањето за четврти триумф на последните пет меча.

Значајна улога одигра и Леброн Џејмс кој беше на два скока од трипл-дабл, па со своите 28 поени, 11 асистенции и 8 скокови имаше придонес во триумфот на „езерџиите“.

НБА резултати:
Шарлот – Вашингтон 117:116
Атланта – Денвер 117:109
Бостон – Мајами 116:120
Бруклин – Торонто 114:105
Кливленд – Орландо 107:106
Милвоки – Лејкерс 129:133
Мемфис – Филаделфија 117:109
Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:117
Феникс – Хјустон 121:122
Јута – Индијана 139:119
Голден Стејт – Чикаго 119:111

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни