Поврзете се со нас

НБА

НБА хаос со звукот на сирената: Луд кош и неверојатна конфузија, никој не знаеше кој е победник на мечот (Видео)

Објавено

на

НБА програмата беше доста скромна ова утро и се одиграа само три меча, но оној последниот беше најизедначен и убедливо највозбудлив за неутралните фанови.

Јута како домаќин го пречека Сакраменто и се обидуваше да излезе од негативната губитничка серија, но наместо тоа, на крајот претрпе петти неуспех во низа (115:117).

Во лудата и несекојдневна завршница, на крајот мораше да помага технологијата, бидејќи никој на теренот и на трибините не знаеше кој е вистинскиот победник на мечот.

При резултат 115:115, Фокс погоди полагање за предност на Сакраменто од два поени, па иако преостана помалку од половина секунда, домаќините беа на чекор од чудо.

Финецот Марканен погоди од невозможна позиција и многумина помислија дека тоа е поени за победа на Јута, па додека дел од играчите се радуваа, останатите не го знаеја конечниот епилог од мечот.

На крајот пресуди видео технологијата, која докажа дека Марканен за малку задоцнил со исфрлањето на топката и поените не важат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни