Поврзете се со нас

НБА

НБА ги објави тројцата финалисти за МВП титулата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Стартот на плејофот во НБА лигата досега не донесе ниту едно поголемо изненадување, но додека ѕвездите веќе се насочени кон најважниот дел од сезоната, водечките луѓе во лигата се занимаваат и со прашањето кое набрзо ќе биде решено.

МВП трката за регуларниот дел од сезоната полека влегува во завршната фаза, а НБА лигата сега и официјално ги објави тројцата финалисти кои ќе се борат за најпрестижното индивидуално издание.

Сосема очекувано, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се ривали за МВП трофејот поради партиите кои ги нудеа за Денвер и Далас, но друштво им прави и Шеј Гилџес Александер од Охлахома.

Со оглед на прогнозите кои пристигнуваат од Америка, Јокиќ е голем фаворит за понесување на престижното признание, а ако го направи тоа, Србинот по трет пат во кариерата ќе стане МВП и ќе влезе во избрано друштво.

На спротивната страна, Лука Дончиќ и Гилџес Александер никогаш досега на го освоиле ова признание, и всушност првпат се дел од финалната фаза на гласањето.

Доколку Јокиќ биде избран за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, ќе стане само деветти играч со три или повеќе МВП признанија, нешто што го имаат постигнато само Џабар, Џордан, Расел, Чембрлен, Леброн, Мелоун, Брд и Џонсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни