Поврзете се со нас

Франција

Навивачите на ПСЖ му испратија јасна порака и на Нејмар (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Дел од навивачите на ПСЖ решија директно да им посочат на големите ѕвезди што мислат за нивниот учинок во клубот и да им порачаат да си заминат од францускиот клуб.

По навредите кои ги доби Лионел Меси пред клупските простории, ултрасите на ПСЖ се преселиле пред домот на Нејмар, каде му испратиле порака на Бразилецот да го напушти актуелниот шампион.

Нејмар се рехабилитира по последната повреда, но очигледно за него нема симпатии кај фановите и тие не сакаат да остане и следната сезона.

– Нејмар, оди си, оди си! – му порачале фановите на Нејмар.

Меси предизвика бунт: ПСЖ се јави со официјално соопштение за немилите сцени пред просториите на клубот (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни