Поврзете се со нас

Франција

Меси предизвика бунт: ПСЖ се јави со официјално соопштение за немилите сцени пред просториите на клубот (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси доби суспензија од ПСЖ поради тоа што постапи непрофесионално и замина на приватно патување во Саудиска Арабија, а оваа епизода се покажа како иницијална каписла за голем протест пред клупските простории на „светците“.

Имено, една група од порадикални навивачи на ПСЖ вчера приреди голем собир пред фудбалската куќа на клубот, каде беа испратени жестоки пораки и навреди до неколку фудбалери, но посебно се издвоија Лео Меси и Нејмар.

Навивачите на ПСЖ жестоко го навредуваа Меси (ВИДЕО)

Аргентинецот беше наречен „ку.вин син“ и беше главна мета на навивачите на ПСЖ, а бидејќи сцените од Париз станаа вирални, клубот реши да се јави со официјално соопштение и да се огради од ставот на фановите.

– Пари Сен Жермен најостро ги осудува неподносливите и навредливи постапки на мала група поединци, кои се случија пред просториите на клубот оваа среда.

– Без оглед на разликите, ништо не може да ги оправда таквите дела. Клубот ја дава својата целосна поддршка на своите играчи, неговото раководство и на сите оние кои се загрижени од овие срамни однесувања, – гласи објавата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни