Поврзете се со нас

Атлетика

Најлуда трка на 100 метри: Белгијка која се натпреварува во фрлање ѓуле стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Европскиот тимски шампионат во атлетика нуди многу дисциплини и одлучувачки на крајот ќе биде вкупниот збир од сите натпреварувања, а спортскиот дух направи да видиме една сцена која експресно стана вирална на социјалните мрежи.

Селекцијата на Белгија во последен момент останал без својот претставник во трката на 100 метри со пречки, откако Ан Загре заработила повреда на загревањето и морале да се откаже.

Сепак, Белгијките на крајот освоиле два бода од оваа трка, а главен „виновник“ за тоа е девојката која ја претставува својата земја во фрлање со ѓуле.

Жулиен Боумкво како национална шампионка освоила шесто место во својата категорија, но подоцна се префрлила и настапила во дисциплина која воопшто не е позната за неа.

Белгијката истрчала 100 метри за 32 секунди, но со својот настап ги освои симпатиите за покажаниот натпреварувачки дух и ги освои срцата на фановите кои ја следат атлетиката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни