Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го загуби капитенот Стојановски, но со чудесен пресврт го освои Куманово 

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија третата победа во 2022 година и тоа на гостувањето кај Кумановово рамките на 15.коло во првата македонска лига.

Актуелниот шампион не можеше да смета на неколку важни играчи на оваа средба за да во второто полувреме остане и без капитенот Дамјан Стојановски кој го повреди скочниот зглоб, па се водеше на тоа дека домаќините ќе остварат голема победа.

Имено кумановци на 4 минути до крајот имаа предност од десет разлика (65-55), но клубот од Аеродром маестрално ја одигра завршницата, покажа зошто е шампион и со серија од 15-0 дојде до триумф од 70-65.

Дејвис со 17 и Крстевски со 15 поени беа први стрелци кај „штрковите“, додека Абром за поразените даде 18 кошеви.

Следниот предизвик за МЗТ е „балонот“ во Бања Лука каде ќе одигра три средби од АБА2 лигата против Сутјеска (7 февруари), Подгорица (9 февруари) и Војводина (12 февруари).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни