Поврзете се со нас

Италија

Мурињо му продаде маалска финта на напаѓачот на Фиорентина и ги изнасмеа сите присутни на „Олимпико“ (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо е максимално расположен за шеги и позитивни коментари по враќањето во Италија, а таквиот тренд го продолжи и на отворањето на новата сезона во Серија А.

Португалскиот стручњак имаше само позитивни коментари за противникот Фиорентина по победата на неговата Рома од 3:1, но покрај тоа што имаше убави зборови за тренерот Италијано, за време на средбата, се истакна и со еден урнебесен момент во првото полувреме.

Искусниот стратег реши да се пошегува со противничкиот играч Николас Гонзалез во 32-та минута, па со маалската финта која му ја продаде, експресно стана хит на социјалните мрежи.

Мурињо зема став со кој долови дека брзо ќе му ја подаде топката на противникот, на наместо тоа ја пропушти топката и предизвика голема смеа на трибините на „Олимпико“.

Аргентинскиот фудбалер на Фиорентина на одличен начин ја прифати оваа реакција на Жозе, па нивната размена на гестикулации ја направи ситуацијата уште посимпатична.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни