Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Модриќ со специјална најава: Не сакам да навредам никого, но тој е најдобар во историјата на Реал!

Објавено

на

Лука Модриќ се појави на денешниот прес заедно со Карло Анчелоти и како еден од најискусните во Реал Мадрид го изнесе својот став за натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите, дуел по кој ќе добиеме одговор кој тим ќе патува во четвртфиналето.

Хрватскиот фудбалер нагласи дека три фудбалски елементи ќе бидат клучни за Реал во обидот да направи пресврт на „Сантијаго Бернабеу“, но проговори и за враќањето на Серхио Рамос.

Искусниот стопер поради повреда нема да игра против својот сакан клуб, но затоа ќе биде дел од експедицијата на ПСЖ и ќе се појави на стадионот на кој испиша историја.

– Со Серхио разговарам речиси секој ден, постојано сум во контакт. Публиката на „Бернабеу“ мора да го поздрави со љубов, Серхио е легенда на овој клуб и еден од најголемите во историјата. Не сакам да се навреди никој, не го велам ова зошто ми е пријател, но Рамос е најдобриот дефанзивец во историјата на Реал Мадрид поради сето она што го направи и значењето кое го имаше во тимот. „Бернабеу“ мора да го пречека со љубов и сигурен сум дека ќе биде така. Тој заслужува само почит, не постои друг начин да се пречека Рамос, – изјави Модриќ и додаде.

– Што се однесува до мечот, утре ќе мора да направиме се што ќе ни каже тренерот. Мора да го спроведеме планот на теренот, не е важно кој ќе игра. Касемиро ќе ни недостасува, но мислам дека Крос ќе може да игра. Тука се и Валверде и Камавинга. Утре најважно ќе биде да излеземе со карактер, со добра енергија и со агресивност, тоа ќе биде клучно за да се пласираме во наредната рунда, – изјави Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни