Поврзете се со нас

Боречки спортови

Младата Рељиќ загуби во „малото финале“ и остана без бронза во Краков

Објавено

на

Foto:facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok

Младата Мила Рељиќ не успеа да и го донесе првиот медал на Македонија на Европските игри кои се одржуваат во Краков, откако за жал претрпе пораз во битката за третото место.

Британката Пауел беше непремостлива пречка во битката за бронзен медал во категорија до 62 килограми, што значи дека Македонија ќе мора да почека на нова шанса за одличје наредните неколку дена.

Македонската таеквондистка дојде до третото место преку репесаж, бидејќи по поразот во четвртфиналето, успеа да биде подобра од Италијанката Гаспа со 2:1 и се избори за влез меѓу четирите најдобри.

На крајот, Мила не успеа да слави во клучната битка и ќе се врати во Македонија без освоен медал, а искрено се надеваме дека повеќе среќа ќе имаат Дејан и Анамарија Георгиевски.

Тие утре ќе настапат во Краков во конкуренција до 87 килограми во машка и 73 килограми во женска категорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни