Поврзете се со нас

Светски првенства

Митревски: Не сме толку лоши за да губиме по десет разлика од било кој

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Никола Митревски како најискусен во младиот тим на Македонија го понесе товарот да биде капитен на оваа нова генерација, која денеска доживеа уште еден удар на голем турнир.

Најсилната селекција го запиша и третиот пораз во групната фаза и се збогува од главната фаза на Светското првенство, откако денеска како пресилната се покажа Аргентина.

Третиот убедлив пораз изразен со девет голови разлика сигурно ја разнишува и онака малата самодоверба, па ракометарите сега се селат во Президент Купот каде ќе одиграат уште три натпревари.

– Сакавме да покажеме што знаеме, се подготвуваме повеќе од еден месец за овој турнир. Тешко е да се зборува, треба да се изнализира добро ситуацијата, да видиме каде проблемот. Не сме толку лоши за да губиме 10 разлика од било кој.

– Треба да анализираме, да воочиме зошто изгледаме вака на терен. Се надевам дека ќе се прикажеме во друго светло во Президент Купот, навистина не знам што да кажам после три порази во групната фаза, – изјави капитенот Митревски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни