Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Многу брзо се откажуваме, натпреварот со Аргентина ќе биде мало финале

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонскиот го загуби и вториот натпревар на Светското првенство, па сега во директен дуел со Аргентина ќе се бори за пласман во следната фаза.

Како и на дуелот против Норвешка така и против Холанѓаните покажавме доста слабости, имавме периоди во кои имавме доста проблеми, а противници од ваков ранг и тоа како знаат да го искористат.

-Повторно ни се случи да имаме црни периоди, минути во кои противникот ни правеше по 3-0 серија и во раната фаза го одлучи натпреварот. Тие минути беа очајни за нас, се откажувавме многу брзо, веројатно се работи и за неискуството на одредени играчи. Мора да поработиме на тоа да без оглед на резултатот – да се бориме за секоја топка, да не правиме наивни грешки, -рече голманот Никола Митревски кој дуелот со „гаучосите“ го најави како мало финале.

-Предност е тоа што следи главниот меч. Натпреварот со Аргентина за нас е едно мало финале. Се надевам дека ќе го поправиме ритамот на игра. Аргентинците исто така загубија со десет гола од Холандија. Ќе го остави зад нас ова досега, знаеме што ни чека против нив, имаме доволно време, а потоа ќе видиме како ќе се одвива тој натпревар, ќе биде финале за двете репрезентации за пласман во втората фаза, -порача еден од најсикусните во нашиот табор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни