Поврзете се со нас

Италија

Милан влезе во резултатска криза, храбриот Удинезе му зададе тежок удар на Пиоли (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Udinese_1896

Милан и официјално влезе во резултатска криза и тоа го потврди со вечершаното издание против Удинезе, тим кој со храбра и пожртвувана игра успеа да освои големи три бода на „Сан Сиро“.

Поразите од Јувентус и ПСЖ беа надополнети со испуштена победа на гостувањето во Неапол, но по освоениот бод, фудбалерите на Милан денеска повторно ја почувствуваа горчината на поразот.

„Росонерите“ не беа во посакуван ритам и играа премногу бавно во првите 45 минути, а тоа му овозможи на гостинот добро да се адаптира на теренот и да ја чека својата шанса преку контра напади.

Во едни такви услови, гостите се изборија за пенал и добија најстрога казна на стартот на второто полувреме, а Переира ја прекина долгата криза без постигнат гол и погоди за 0:1.

И покрај тоа што имаше уште многу за игра, Милан не пронајде начин да го совлада Силвестри, кој ако се собере се што беше видено до крајот, на крајот беше и најдобар поединец на теренот.

Домашниот тим не успеа да го пронајде патот до голот и претрпе нов пораз, па сега Стефано Пиоли ќе биде под сериозен притисок по новиот незгоден удар кој го доби од тимот на Чофи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни