Поврзете се со нас

Англија

Милан со победа ја отвори новата сезона во Серија А (Видео)

Објавено

на

Екипата на Милан со победа ја отвори новата сезона во Серија А откако славеше на секогаш незгодното гостување кај Сампдорија со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Брахим Дијаз кој уште во 9. минута ја искористи асистенцијата на Давиде Калабрија.

До крајот на полувремето двете страни имаа уште по една голема шанса, меѓутоа мрежите мируваа.

Во вториот дел Милан ја зацврсти својата игра и не дозволи Самдорија посериозно да се закани до голот на Мајк Маињан кој ја зачува својата мрежа во официјалното деби за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни