Поврзете се со нас

Франција

Меси не го послушал клубот, ПСЖ го суспендираше на две недели!

Објавено

на

Аргентинската ѕвезда, Лионел Меси е санкциониран и суспендиран од Пари Сен Жермен затоа што не се појавил на понеделничкиот тренинг на клубот и отпатувал за Саудиска Арабија.

Меси е суспендиран на две недели, период во кој нема да тренира со првата екипа, а воедно и воопшто нема да биде платен. Имено било договорено играчите да добијат два дена слободни (понеделник и вторник) ако го победат Лориент во Лига 1, но „светците“ беа шокирани на „Паркот на Принцовите“ каде загубија со 3-1.

Лео побарал од тренерот Галтие и директорот Кампос да биде ослободен, а тие му дале зелено светло под услов екипата да победи или во најмала рака да ремизира, ама ниту една од овие опции не се реализираше. Сепак ова не го спречило ветеранот да отпатува во Саудиска Арабија поради некој спонзорски договор, потег кој му донесе проблем, но и потег кој јасно говори оти е се поблиску до заминување од француската престолнина.

Играчите во соблекувалната биле незадоволни и по се изгледа затоа силна е и реакцијата на ПСЖ.

Барселона е најзагреана за Лео, но тука се и опциите како МЛС лига, Саудиска Арабија…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни