Поврзете се со нас

Свет

Мендеш со коментар за можниот сензационален трансфер на Роналдо во Спортинг: Неговите планови…

Објавено

на

Изминатиов период спортските медиуми се преполни со написи дека Кристијано Роналдо би можел да реализира шокантно враќање во редовите на Спортинг Лисабон, клуб кој по цели 19 години ја освои титулата во Португалија.

„Масло на огнот“ долеа и мајката на Роналдо која при прославата на титулата најави дека ќе го моли нејзиниот син да се врати во Лисабон, па шпекулациите уште пове ќе се зголемија.

Сепак, сега ваквите гласини ги стиши агентот на Роналдо, ЖоргеМендеш кој во интервју за „Рекорд“ истакна дека плановите на фудбалерот не се да се враќа во Португалија во блиска иднина.

– Кристијано е горд на титулата освоена од страна на Спортинг Лисабони тоа јавно го демонстрираше, но во овој момент од неговата кариера враќање во Португалија не е дел од неговите планови, -изјави Мендеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни