Поврзете се со нас

АТП

Медведев пред стартот на Вимблдон објасни зошто Ѓоковиќ е најголем на сите времиња

Објавено

на

Данил Медведев одигра неколку важни финалиња против Новак Ѓоковиќ и загуби неколку, но сепак извојува и една голема победа на Ју-Ес Опен кога го спречи Србинот да комплетира календарски слем.

Рускиот тенисер е на другата страна од ждребот на Вимблдон и со Србинот може да се сретне само во големото финале, а запрашан за тоа зошто Србинот влегува како голем фаворит на секој грен слем турнир, Данил даде одговор во свој стил.

– Да бидам искрен, не знам како го прави тоа. Сите играчи освен Новак, Рожер и Рафа можат да имаат лош ден и да изгубат од играчи кои не се во топ 100. Но, Новак има фасцинантен процент од 50 посто. Одигра 70 грен слем турнири, а има играно во 35 финалиња, не знам како е можно такво нешто.

– Изгледа како да нема лоши денови, или ги има, но и тогаш успева да победи. Не знам како успева да победува и кога не му е најдобар ден и поради тоа за мене тој е најголем во историјата. Овој мој став подлежи на дебата, но тоа е моето мислење.

– Секако дека најголема победа е кога го спречив да комплетира календарски слем. Можеби беше стегнат повеќе од обично, но јас одиграв неверојатен меч и среќен сум што го направив тоа. Сепак, мојот план не е да застанам таму, сакам да одам по нови грен слем титули и да се борам за нив, – вели Русинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни