Поврзете се со нас

Светски првенства

Мбапе откри што му рекол на Меси по финалето на СП

Објавено

на

Лионел Меси и Килијан Мбапе беа големи ривали во финалето на СП во Катар, а на крајот Аргентинецот се радуваше на сметка на својот помлад соиграч од редовите на ПСЖ.

По вчерашниот дуел на француската екипа, Мбапе зборувал и за мундијалското финале, односно комуникацијата со Меси по неговиот крај.

– Зборував со Лео по финалето и му го честитав успехот и трофејот.

– За него светската титула беше животна мисија, истото важи и за мене, но јас овојпат загубив. Кога ќе се случи такво нешто, потребно е да покажеш зрелост и да му честиташ на противникот, – изјавил Мбапе.

За разлика од Французинот, Меси и натаму е на одмор по мундијалските обврски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни