Поврзете се со нас

Франција

Мбапе им се извинуваше на фановите, па го однесе ПСЖ во финалето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе почна постојано да биде повлекуван од Луис Енрике во последно време, но вечерва одигра цел меч и направи главна разлика во полуфиналето во Купот.

„Светците“ ја оправдаа улогата на фаворити и се пласираа во големото финале во кое ќе играат против Лион, и тоа благодарение на својата прва ѕвезда која имаше необична вечер.

Мбапе не реализираше пенал во 37-та минута и беше одлично прочитан од Манданда, но три минути подоцна со многу среќа се запиша во листата на стрелците и погоди за 1:0.

Францускиот напаѓач при прославата им се извини на навивачите на ПСЖ за претходното промашување, а на крајот ова се покажа како клучен момент за обезбедување на виза за финалето.

Во првиот полуфинален дуел, Лион беше подобар од Валенсиен со 3:0 во мечот кој се одигра вчера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни