Поврзете се со нас

Франција

Мбапе ги обелодени точните зборови кои ги добил од Макрон и додаде: Мадрид изгледа како мој дом…..

Објавено

на

„Њујорк Тајмс“ откри први детали од нестварниот договор кој го потпиша Килијан Мбапе со ПСЖ, но воедно обелодени и моменти од разговорот со големата француска фудбалска ѕвезда.

Угледниот американски медиум го објави интервјуто нарпавено со напаѓачот на ПСЖ кој ќе заработи 251 милион евра од тригодишниот договор со „светците“, разговор во кој самиот Мбапе раскажува како на крајот остана во Париз и не заврши во Реал Мадрид.

За првпат по потпишаниот договор, Мбапе ги пренесува точните зборови кои ги добил од францускиот претседател Макрон, односно барањето кое го добил да остане во Франција и Париз.

– Никогаш не можев да замислам дека ќе зборувам со претседателот на нацијата за мојата иднина, за мојата кариера. Тоа беше нешто лудо, нависитна посебно лудо. Макрон ми порача: Сакам да останеш, не сакам да си одиш сега бидејќи ти си многу важен за Франција. Кога претседателот ќе ви го каже тоа, едноставно тие зборови имаат тежина, – открива Мбапе кој не исклучува да направи трансфер во Реал во иднина.

– Никогаш не знаете што ве чека зад аголот и што ќе се случи во иднина. Никогаш не сум бил во Мадрид, но изгледа како Мадрид да е мој дом, или нешто слично на тоа, – додава Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни