Поврзете се со нас

Светски првенства

Матеус бара промена: Време е некој друг да го заземе местото на Нојер

Објавено

на

Германија имаше уште еден разочарувачки настап на Светските првенство, поточно вторпат во низа го заврши натпреварувањето уште по групната фаза.

По дебаклот во Русија се очекуваше многу во Катар, но и тука германските репрезентативци не се прославија, освоија четири бода што не беше доволно за место во нокаут фазата. Се очекуваат доста промени во наредниот период, а според Лотар Матеус една од нив треба да биде Мануел Нојер, односно некој друг да го заземе неговото место.

-Имаме добри голмани, време е некој од Тер Штеген, Кевин Трап или Лено да биде на голот во следните натпревари… Дајте им шанса да покажат дали можеме да се потпреме на нив. Време е за нов голман. Особено по мечот со Костарика каде Нојер направи серија грешки, -порача Лотар кој секогаш говори директено и без влакна на јазикот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни