Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем со пресврт до славје во Данска, Митревски загуби од ПСЖ на Гонзалес

Објавено

на

Веспрем на Дејан Манасков дојде до петтата победа во шестиот меч во Лигата на шампионите.

Клубот од Унгарија оваа вечер гостување во Данска кај Алборг, битка која ја реши со 33-27 со пресврт и подобра игра во вторите 30 минути. Домаќините во првиот дел беа за нијасна подобри од противникот и на пауза заминаа со позитива од 18-16, меѓутоа во продолжението работите си дојдоа на свое место, избраниците на Дејвис заиграа многу подобра, поквалитетна одбрна и секако го задржаа високото темпо во нападот и тоа им го донесе посакуваниот резултат.

Фати Омар и Ненадиќ со по 6 гола беше први стрелци кај победникот за кого Манасков беше автор на три гола со 60 процентна реализација. Кај Алборг прво име беше Молгард со 6 голови.

Порто пак на Никола Митревски загуби од ПСЖ со 34-31. По едно полувреме поделија двете екипи, но она на „светците“ беше далеку поуспешно (22-15) и доволно за второ славје во елитното натпреварување.

Изненадување направи Мешков Брест кој остана непоразен на гостувањето кај Флензбург (29-29).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни