Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем ќе се соочат со Кил во полуфиналето на ЛШ

Објавено

на

Веспрем на нашиот Дејан Манасков ќе се соочи со Кил во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Ова е резултатот од денешната ждрепка за завршниот турнир кој ќе се одржи во Келн, а се однесува на сезоната 2019/2020 која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот. Унгарскиот и германскиот гигант се израмнети во меѓусебните пресметки со по 10 победи, a имаат и едно реми токму оваа година на 28 октомрви кога одиграа 31-31.

Вториот пар е меѓу најтрофејниот тим во ова натпреварување Барселона и ПСЖ кој е предводен од Раул Гонзалес, а тука е и Даинис Криштопанс.

Завршниот турнир во „Ланксес Арена“ е на програмата на 28 и 29 декември.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни