Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија забележа мал пад на ФИФА листата пред првите предизвици во месец март

Објавено

на

Во период кога европските селекции не играат репрезентативен фудбал обично нема многу раздвиженост на ФИФА листата, но сепак настапите на африкаските и азиските тимови направи Македонија да забележи мал пад на најновата ФИФА листа.

Најсилната фудбалска репрезентација на Македонија назадуваше за три позиции и сега е 68 светска сила во светот, промена која е резултат на Африканскиот куп на нации и Азискиот куп.

Токму африканската селекција Гана е едно место пред нас, додека Обединетите Арапски Емирати се зад нас на 69-та позиција.

Македонија во моментов брои 1362 поени и нема да стекне нови и во наредните 30 дена, период по кој е закажан првиот тест период за избраниците на Благоја Милевски во 2024-та година.

Фудбалската Федерација на Македонија успеа да закаже два тест натпревари за месец март, а тоа се оние против Молдавија на 22-ри и против Црна Гора три дена подоцна.

Кога е во прашање првата десетка на ФИФА листата, овој месец очекувано нема никаква промена, па така на врвот е Аргентина, по што следуваат Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни