Европски првенства
Македонија доби поволна група во квалификациите за пласман на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија доби доста поволна група во квалификациите за пласман на Европското првенство по денешната ждрепка одржана во Берлин.
За континенталниот собир кој ќе се одржи во 2024 година, Македонија ќе мора да се избори со репрезентациите на Португалија, која беше носител во ждрепката, Турција и Луксембург.
Португалија, разбирливо е најсериозниот противник, но оваа репрезентација иако е во подем, никогаш не заминала со победа од Скопје. За разлика од нив, Турција и Луксембург се тотални аутсајдери против нашата селекција која се очекува да запише планирани поени од овие средби.
Иако во овие квалификации се очекува дефинитивната смена на генерации во нашиот табор во кој веројатно нема да има место за селекторот Кирил Лазаров и неговиот помошник Филип Миркуловски, се очекува Македонија да го трасира патот за Европското првенство.
Двете најдобри селекции од секоја група ќе играат на Европското првенство во 2024 година.
-
Англијапред 14 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 13 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 11 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 9 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ