Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике воодушевен: Ме изненадија навивачите на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике го подготвува својот ПСЖ за големото дерби против Марсеј на „Велодром“ и натпреварот е закажан за утревечер во 20:45 часот, но шпанскиот стручњак на пресот говорел и за спектакуларниот натпревар кој се одигра во текот на неделата во неговата татковина.

Лучо како поранешен шпански селектор откри дека го гледал дербито меѓу Шпанија и Бразил кое заврши со резултат 3:3, а како хајлајт од натпреварот го издвои моментот кога Ламин Јамал беше поздравен од публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

Како по традиција, кога Шпанија игра натпревари на „Бернабеу“, најактивна е фан базата на Реал Мадрид, па затоа Луис Енрике ги поздрави навивачите на „кралскиот клуб“ кој го поздравија суперталетот на Барселона.

Јамал имаше вонсериско издание против Бразилците и едноставно ги излуди „кариоките“ со своите потези, а останува топ тема и неколку дена по одигрување на мечот.

– Го гледав натпреварот меѓу Шпанија и Бразил и обично не зборувам за играчи кои не се на ПСЖ. Сепак, мора да признаам дека ми се допадна тоа што го направија фановите на Реал Мадрид. Публиката од Мадрид му аплаудираше на талентот на Барселона и тоа беше многу убаво. Пријатно сум изненаден, тоа беше убав и охрабрувачки детаљ. Поздравија младо момче кое е играч на вечниот ривал, – изјавил Луис Енрике.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни