Поврзете се со нас

Светски првенства

Луис Енрике се пожали: Не се игра фудбал на ваков терен и со издишани топки

Објавено

на

Луис Енрике категорично застана во одбрана на Серхио Бускетс по вчерашната тешка победа на гостувањето кај Грузија во квалификациите за Светското првенство, па иако нагласи дека е загрижен од формата и играта на неговиот тим, шпанскиот селектор имаше критики и за домаќинот.

Поранешниот тренер на Барселона нагласи дека на играчтие не им се помага со тоа што играат фудбал на терени како оној на „Динамо арената“ во Тбилиси, но имаше коментар и за некоректната стратегија на домаќинот кога се во прашање топките кои стоеле на располагање за натпревар од ваков сериозен карактер.

Луис Енрике јасно порача дека условите не се најреално оправдување за лошата игра на Шпанците кои победија со гол на Дани Олмо во 92-та минута (1:2), но сепак нагласи дека Грузијците можеле повеќе да се погрижат околу организацијата.

– Не треба да се бара никакво оправдување, но топките скокаа како зајак од лошиот терен на кој игравме денеска.

– Некои топки беа издишани и имаше само шест топки на теренот за цел меч. Кога топката ќе го напуштеше теренот, потребно беше многу време за да продолжи играта, – се пожали Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни