Поврзете се со нас

НБА

Лудило во Филаделфија: Тејтум погоди тројка на секунда пред крајот, Ембид одговори со „бомба“ од својот рекет (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/celtics

НБА програмата донесе шест натпревари рано утрово, но убедливо најдраматично и највозбудливо беше во Филаделфија, каде се играше дерби меѓу истоимениот тим и Бостон.

Во една луда и френетична завршница, на крајот победата ја остварија гостите од Масачусетс, пред се благодарение на расположениот Тејтум кој погоди тројка на секунда пред крајот.

Првата ѕвезда на Бостон собра храброст и погоди кога е најпотребно, бидејќи до тој момент беше навистина скромен и имаше постигнато 15 поени.

На крајот мечот го заврши со 18 и донесе победа за својот Бостон, кој сепак за потврда на триумфот мораше да чека неколку секунди поради лудилото кое го креираше Ембид.

Џоел се обиде да одговори и погоди неверојатна тројка од својот рекет, но за жал неговата „бомба“ за продолженија дојде по звукот на сирената и кошот на крајот на важеше.

НБА резултати:

Шарлот – Мајами 108:103
Орландо – Индијана 108:121
Њујорк – Њу Орлеанс 128:106
Мемфис – Денвер 112:94
Филаделфија – Бостон 107:110
Јута – Сан Антонио 118:102

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни