Поврзете се со нас

Балкан

Лесор со емотивна порака до навивачите на Партизан: Ќе носам друг дрес следната сезона, но…. (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Матијас Лесор вчера официјално беше претставен како нов член на Панатинаикос за наредните две години, само неколку дена по огромниот успех кој го оствари со Партизан во АБА лигата.

„Црно-белите“ ја совладаа Црвена Звезда во големото финале и славеа во регионалното натпреварување после пауза од десет години, со што стигнаа до рекордна седма титула во АБА.

Лесор беше еден од најдобрите поединци на Партизан и зад себе остави сезона која никогаш нема да ја заборави, но и спомени кои ќе го пратат до крајот на животот.

– Не играв за Партизан една и пол година, јас живеев за Партизан. Му благодарам на клубот што веруваше во мене и што ми даде шанса. Ќе ми недостасува овој клуб, овие соиграчи и цел стручен штаб. Ќе ми недостасува она што го направивме, она што го доживеавме во оваа посебна сезона која ќе ја паметам цел живот.

– Гробари, засекогаш ќе бидете во моето срце, ви благодарам што ме прифативте и ви благодарам за љубовта, за тоа што ми го променивте животот и за влијанието кое го имавте врз мене и моето семејство. Можам да пишувам цела ноќ за тоа што го направивте за мене. Ќе носам друг дрес следната сезона, но секогаш ќе бидам Гробар, – порача Лесор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни