Поврзете се со нас

Франција

Легендарниот Кемпес: Не е здраво за Меси да се врати во Барселона, таму има многу проблеми!

Објавено

на

Лионел Меси треба да донесе важна одлука во наредниов период со оглед на тоа што му завршува актуелниот договор со Пари Сен Жермен.

Се повеќе и погласно се зборува дека тој како слободен играч ќе се врати во клубот во кој ги мина најдобрите, најубавите времиња во неговата кариера Барселона. Тој поради финансиски причини мораше да го напушти „Камп Ноу“ пред две години, но сега се прават напори за да овие две страни повторно се спојат и според доста медиуми има голема шанса тоа да се реализира.

Меѓутоа сите не сакаат да се реализира ова сценарио и еден од нив е легендарниот Марио Кемпес кој беше дел од славната генерација на Аргентина која стана светски шампион во 1978 година.

-Не е здраво за Меси да се врати во Барселона. Ќе му биде подобро во Франција за да мирно го дочека СП, треба таму да остане. Целите на Барселона се различни. Тие сè уште се градат по неговото заминување. Постојат многу проблеми. Да се биде себичен и да се размислува за аргентинската репрезентација, тој треба да остане во ПСЖ.

-За физички и ментален мир на умот, поверојатно е да остане посвеж во Франција отколку во Барселона, -истакна Кемпес за „Тик Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни