Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал се нуди за тренерската позиција во клубот: Нека ми ја дадат работата и ќе им помогнам

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Арсенал, Сол Кембел верува дека го има решението за дефанзивните проблеми на „топчиите“.

Арсенал има очаен старт на сезоната во Премиер лигата откако загуби во воведните две кола од Брентфорд и Челси без да постигне погодок, а притоа да прими четири погодоци.

Младиот стратег на Арсенал, Микел Артета веќе почна да чувствува огромен притисок од јавноста, па доколку брзо не ги поправи работите голема е веројатноста дека ќе се соочи со отказ. Следен натпревар кој го игра Арсенал е против Манчестер Сити, а потоа ќе се замине на репрезентативна пауза, период во кој управата можеби и ќе му врачи отказ на стратегот доколку тимот биде понижен и од актуелниот англиски шампион.

Сега Кембел се понуди да ги реши проблемите во клубот доколку му биде дозволено да го предводи Арсенал од жешкото тренерско столче.

– Ќе ви кажам нешто, можам да им помогнам. Само нека ми ја дадат работата и ќе им помогнам. Ќе ви кажам како да се справите со пресингот од двајца играчи како против Брентфорд. Тоа е лесно за средување.

– Тешко е да се гледа Арсенал во овој момент, навистина е тешко.  Станува збор за притисок и квалитет, да потрошивме многу пари, најмногу во Англија, но ни треба квалитет, константност и искуство.

– Секогаш бараме таленти кои се потенцијали за во иднина, добро е да имаш такви играчи, нонекогаш ти е потребен брз и гарантиран успех. Овој тим е многу, многу млад, мора да го разберете тоа, им недостига искуство, но тоа  е основата на секој тим.

– Некои од играчите не ја знаат ни основата. Може да загубите, но начинот на кој примаме голови е премногу лесен. Дефанзивците не се поддржуваат, не може да ја почувствуваат опасноста, и тоа е недостиг на искуство, -јасен беше Сол Кембел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни