Поврзете се со нас

НБА

Леброн збесна и заврши на паркетот по големата неправда во дербито со Бостон: Ова е многу чудно (Видео)

Објавено

на

Дербито на вечерта во НБА лигата се играше во „Ти-Ди Гарден“ меѓу вечните ривали Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, но за жал, оваа пресметка ќе остане во паметење и по една скандалозна судиска одлука.

Леброн Џејмс ја презема работата во свои раце и тргна да го решава дуелот во последните секунди, но неговиот обид да му донесе победа на Лејкерс заврши неуспешно поради грешка на судиите.

„Кралот Џејмс“ беше очигледно фаулиран од Тејтум и доби удар во раката, но судиите проценија дека се е чисто и не досудија прекршок и слободни фрлања за гостите.

Со оваа одлука, мечот отиде во продолжение по регуларните 105:105, а во овој дел Бостон беше подобар и на крајот оствари победа од 125:121.

Леброн Џејмс не можеше да поверува каков грабеж му приредија судиите и нервозно и со многу емоции ги доживеа случувањата, односно падна на колена во неверица на тоа што му беше направено.

– Повторно ни се случува вакво нешто. Едноставно не можам да го разберам ова. Играм кошарка секој ден и ние сме единствениот тим на кој ни прават вакви работи. Навистина не го сфаќам ова, нависитна е многу чудно, – изјави разочараниот Леброн кој го заврши мечот со 41 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни