Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров пред клучниот меч на СП: Прифаќаме критика, но ова е реалноста

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Емоциите полека стивнуваат во македонската ракометна репрезентација по вчерашниот втор пораз на Светското првенство, но ракометарите и стручниот штаб сепак немаат премногу време за одмор и веќе со сите мисли се насочени кон клучниот меч.

Македонија утре против Аргетнина ќе брка победа и пласман во втората фаза на ракометниот мундијал, што беше поставено како цел број еден уште пред стартот на турнирот.

Кирил Лазаров како селектор на оваа нова генерација на ракометари денеска нагласи дека цел тим ги прифаќа критиките кои ги има во јавноста, но истовремено потенцира дека треба да се биде реален и да се даде шанса на овој нов ростер на големите натпреварувања.

– Прифаќаме критика и треба да прифатиме критика. Во моментов Холандија е подбра селекција од нас и сите го знаевме тоа, но исто така мислам дека разликата од 10 голови не е реална. Мислам дека имавме шанса и требаше да загубиме со помала разлика, подостоинствено.

– Направивме анализа пред тренингот, видовме дека грешевме и во одбрана и во напад, имавме технички грешки од брзање. Ова е нова селекција која треба да расте на големите натпреварувања и тоа е процес. Ова е реалноста, едно е да играте квалификации без оглед на противникот кој го имате, а дртуо е турнирски систем. Мислам дека тоа што дојдовме на ова Светско првенство добро ќе им послужи на младите играчи.

– Ние дојдовме со цел да ја поминеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина, се работи за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврсто и добро. Тука сме негде со квалитетот, но доколку сакаме да победиме, мора да бидеме квалитетни 60 минути. Да научиме од грешките, имаме многу простор за напредок, но ако сакаме утре да славме, мора да бидеме концентриран и фокусирани 60 минути и да играме без голема емоција. Едноставно треба да научиме да победуваме. Се надевам дека ќе бидеме комплетни за утрешниот меч, ситуацијата со Томи Јагуриноски се уште не е баш во најдобар ред, но доколку има шанса ќе биде на располагање да помогне. Сепак, во моментов се уште не сме сигурни околу него, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни