Поврзете се со нас

Формула 1

Латифи излезе со коментар за сензационалниот пресврт кој го предизвика во трката за титулата

Објавено

на

Николас Латифи во ниту една комбинација не влегуваше како возач кој може да има свој удел во одлуката за шампионската титула во Формула 1, но судбината посака токму Канаѓанецот да биде човекот на пресвртница, бидејќи неговиот инцидент му отвори огромна шанса на Макс Ферстапен.

Возачот на Ред Бул заостануваше повеќе од 10 секунди на 10 круга пред крајот на трката и стануваше јасно дека титулата му „се лизга“ од раце, но тогаш непосакуван инцидент предизвика Латифи, кој резултираше со сензационален и драматичен крај на трката во последниот круг.

Забиваењто на Латифи во заштитната ограда го активираше безбедносното возило и така Ферстапен се најде веднаш зад опашката на Хамилтон, по што следеше напад и престигнување во последниот круг, маневар вреден 10-та победа во сезоната и прва шампионска титула во кариерата.

Латифи е еден од најкоментираните луѓе во Формула 1 светот во изминатите два дена, а како возач кој му нанесе ненамерна штета на Луис Хамилтон, почувствува потреба да му испрати порака на седумкратниот светски првак кој сепак не дојде до осмата титула.

– Се мачевме со грипот на гумите во неколку кривини, но особено на местото каде излетав и кадешто се забив во оградата. Тоа беше проблематично вртење за мене, а во таа ситуација, гумите не беа чисти и јас направив грешка. Не бев свесен какво влијание ќе имам врз шампионатот во тој момент.

– Мојата намера во ниту еден момент не беше да го одлучам победникот. Едноставно, направив грешка и ја упропастив својата трка. Можам само да му се извинам на Луис Хамилтон што му укажав шанса на неговиот ривал. Но, потенцирам, јас направив само тркачка грешка, – вели Латифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни