Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Хановер се израдуваа на нова победа, Томовски не успеа да го одбрани Лудвигсхафен од Кил

Објавено

на

Филип Кузмановски и Хановер влегоа во добра серија на резултати во германското првенство, па така попладнево ја запишаа третата победа во низа и тоа против Есен со 30-26.

Домашниот тим имаше потполна контрола на резултатот и играта во двете полувремења и заслужено дојде до триумф со кој го оправда статусот на фаворит на овој натпревар. Нашиот репрезентативец Кузмановски не се прослави, немаше свој ден и не реализираше ниту еден од двата обиди, но запиша една асистенција.

Лудвигсхафен на Мартин Томовски не успеа да направи изненадување и загуби од лидерот Кил со 29-20. Репрезентативниот голман беше доби 35 минути и забележа 6 интервенции или поточно имаше 24 проценти на одбранети удари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни