Поврзете се со нас

Лига Европа

Кудус со страшен гол ја одбележа „петардата“ на Вест Хем, Милан рутински го завери билетот за четвртфиналната фаза во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ODDSbible

Екипата на Вест Хем ја забележа најубедливата победа во првите четири средби од вечерашната програма од осминафиналето на Лига Европа.

„Чеканите“ го понижија бундеслигашот со 5-0 и со вкупни 5-1 обезбедија место меѓу осумте најдобри во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Ова беше средба во која премиерлигашот „газаше“, а најдобриот потег на мечот, можеби и сезоната во ЛЕ го имаше репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус кој во 77 минута го мина скоро целиот терен, се прошета низ одбраната на гостите и испрати удар кој заврши во мрежата на Фрајбург.

Милан пак славеше со 3-1 на реваншот со Славија Прага и со вкупни 7-3 го завери билетот за наредната фаза. Пулишиќ, Лофтис Чик и Леао со ремек дело беа автори на погодоците за „росонерите“.

Ремек дело: Леао со мајсторски гол ја докрајчи Славија Прага (ВИДЕО)

Пласман во четвртиналето обезбеди Бенфика која беше подобра од Ренџерс со 1-0, но и Олимпик Марсеј кој иако загуби со 3-1 од Вилјареал оди понатаму поради славјете од 4-3 на „Велодром“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни